Од први август се намалува цената на парното греење на сите три компании за снабдување со топлинска енергија. На вчерашната подготвителна седница Регулаторната комисија за енергетика - РКЕ предложи цената за топлинска енергија да се намали за 2,82% за корисниците на Балкан енерџи групп - БЕГ, за 2,12% на Скопје Северр и за 0,71% за корисници на ЕЛЕМ - Енергетикаа. За тие проценти треба да се падне и фиксниот надоместок што го плаќаат исклучените од системите за греење, со тоа што годишната сума наместо на седум или осум месеци, сега ќе може да им се распореди на 12 сметки.
Од први август се намалува цената на парното греење на сите три компании за снабдување со топлинска енергија.
На вчерашната подготвителна седница Регулаторната комисија за енергетика - РКЕ предложи цената за топлинска енергија да се намали за 2,82% за корисниците на Балкан енерџи групп - БЕГ, за 2,12% на Скопје Северр и за 0,71% за корисници на ЕЛЕМ - Енергетикаа. За тие проценти треба да се падне и фиксниот надоместок што го плаќаат исклучените од системите за греење, со тоа што годишната сума наместо на седум или осум месеци, сега ќе може да им се распореди на 12 сметки.
Како што објасни претседателот на РКЕ, Димитар Петров, пресметките за процентот за кој ќе паднат сметките за парно се правени за корисник кој има стан од 60 квадратни метри со инсталирана моќ од 7,5 киловати и просечна годишна потрошувачка од 9.000 киловат-часови топлинска енергија. Ова, сепак, не е конечната нова цена на парното, зашто неа РКЕ ќе ја утврди на редовна седница кон крајот на месецов, која според Петров, нема многу да се разликува од сега предложената. Тој додаде дека ниту една од трите компании немала некои поголеми забелешки на предлогот за корекција на цената, а најголемиот снабдител на Скопје со топлинска енергија, БЕГ, не побарал поскапување.
- Карактеристично за оваа одлука за намалување на цената е тоа што сите потрошувачи на територијата на Скопје сега ќе имаат горе -долу блиски цени. Отстапувањата кај Скопје Север" се неутрализирани врз основа на согласност на компанијата да се откаже од некои позиции во калкулациите, со јасен став дека е подготвена да продолжи оперативно да работи, да ја врати довербата на потрошувачите по претходните поскапувања, да го спречи трендот на исклучување и да ја следи цената на најголемиот систем во Скопје, а тоа е БЕГ - истакна Петров, објаснувајќи дека досега највисока цена имаше Скопје Север", а најниска ЕЛЕМ - Енергетика".
РКЕ вчера за прв пат работеше според новиот Правилник за цени на топлинска енергија според кој цената што сега ќе се утврди треба да важи една година, односно до 1 август следната година. Вонредна корекција е можна доколку компаниите ја побараат со образложените дека трошоците им се зголемиле над 5%, претежно заради енергенсот кој го користат. Повикувајќи се на комуникацијата што ја имала РКЕ со компаниите, Петров сепак најави можно поскапување, во случај училиштата и градинките да ги реализираат најавите за исклучување од системот за парно греење и приклучување на природен гас. Во таква ситуација, како што објасни, фиксните трошоци на компаниите ќе останат исти и ќе мора да се распределат на останатите корисници.
Во мај годинава Уставниот суд ја потврди одредбата од Правилникот за цената на топлинската енергија, според кој и исклучените од системот за греење треба да плаќаат фиксен надоместок. Оттогаш наваму, вели Петров, наплатата на надоместокот е зголемена од 10% на 40%. Во тој период од системот на БЕГ побарале да се исклучат 103 корисници, од кои дваесетина се деловни објекти, а останатите домаќинства. Добиени се и 37 барања за повторно приклучување на мрежата, кое е бесплатно, а поголем број вакви барања се очекуваат во септември.